Туре ги напушта „Граѓаните", но не и Англија

Точка

22/09/2016

16:00

2.700

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска иако во изминативе сезони важеше за еден од најдобрите играчи на Сити, по доаѓањето на Пеп Гвардиола не одигра ниту еден натпревар во Премиер лигата.

Поради неговите несогласувања со тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, Јаја Туре донел одлука да го напушти клубот.

Како што пренесува англиски Daily Mail, Туре добил понуди ова лето од Интер и неколку кинески клубови, меѓутоа на крајот одлучил да остане на „Етихад“. Сепак, тој веќе нема желба да игра во Сити затоа што не добива никаква минутажа, па од неговиот агент побарал да му пронајде но клуб, но клубот морало да биде од англиската Премиер лига.

Јасно е дека управата на Манчестер Сити нема да се противи на неговото заминување, посебно откако Пеп Гвардиола индиректно на сите им даде до знаење дека 33-годишниот Туре нема да игра во неговата екипа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг