БиХ: Реакциите на Белград на изјавите на Халиловиќ се целосно непотребни

Макфакс

21/09/2016

14:19

1.224

Големина на фонт

а а а

Драматичните оценки за ситуацијата во Босна и Херцеговина(БиХ), како и најавите за можни судири заради спроведувањето на референдумот во Република Српска на 25 септември претставуваат претерување што на крајот им штети на сите граѓани, а може и да го загрози напредокот на земјата на европскиот пат, оценуваат некои од водечките политичари во БиХ.

По жестоките реакции на властите во Белград на изјавите на поранешниот воен командант на босанските муслимани Сефер Халиловиќ, кој предупреди дека одржувањето на референдумот ќе значи демонтирање на Дејтонскиот договор и со тоа ја отвори можноста за нова војна, претседателот на Застапничкиот дом на парламентот на БиХ Младен Босиќ изјави дека со неодговорни изјави лесно можат да се зголемат тензиите, но дека од тоа никој нема полза.

„Не гледам зошто заради изјавата на една таква будала треба на нозе да се крене целиот регион“, рече Босиќ во интервјуто за телевизијата БН ТВ, откако медиумите во БиХ ги пренесоа изјавите на српските лидери во Белград, во кои драматично се предупредува на најавите на војна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг