Путин на работникот: "Ти што си толку сериозен? Не ми веруваш?"

Точка

21/09/2016

10:04

17.113

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на посетата на концернот "Калашников" им го честитал на работниците Денот на оружарите и обратил внимание на "сериозноста" на еден од нив.

"Сакам да изразам надеж дека концернот ќе се развива, дека поради тоа вашето расположение со кое доаѓате на работа ќе биде подобро, а потоа исто така расположени ќе се враќате во своите домови", рекол Путин.




Рускиот претседател потоа го прекинал својот говор и му се обратил на еден од работниците.


"Ти зошто си толку сериозен? Како да не ми веруваш", се пошегувал Путин, пренесува Sputnik.


Претседателот после тоа продолжил со својот говор, истакнувајќи дека вложувањето во концернот изнесува повеќе од 41,5 милиони евра, и дека се планираат и понатамошни инвестиции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг