Повеќе од милион луѓе тргнале во Мека: "Успеав да ги соберам потребните пари за патот...прекрасно е да се биде тука"

Точка

10/09/2016

13:10

3.257

Големина на фонт

а а а

Речиси милион и пол муслимански верници од целиот свет денес го започнале аџилакот во Мека, оваа година одбележан со отворената криза помеѓу Техеран и Ријад.

Аџилакот во Мека или хаџ е една од петте стапки на исламот кој секој верник мора да ја изврши барем еднаш во животот, доколку има услови за тоа, како здравје и материјални средства.


"Успеав да соберам пари потребни за пат...прекрасно е да се биде тука", рекол Мохамед Хасан, 28-годишен верник од Египет.


Мароканката Заина Дахун вели дека "чувствува радост и благодарност кон Бог". "Мислам само на едно, да ја исполнам својата верска задача".

Милиони муслимани ширум светот секоја година го посетуваат најсветиот исламски град Мека во Саудиска Арабија, родното место на пророкот Мухамед.


Управувањето со константниот бран на верници, организацијата на нивниот прием, превозот и безбедноста, претставуваат огромен логистички предизвик за Саудиска Арабија.

Минатата година на хаџот, според податоците на странските влади, во метежот кој настанал за време на ритуалот за каменување на Сотоната, загинале 2297 луѓе, што предизвикало големи меѓународни критики.


Саудиска Арабија признала 769 загинати, а резултатите од истрагата која ја отвориле властите не се објавени. За да се избегне повторување на нешто слично, Ријад објавил дека ќе има нови мерки за безбедност.

Прв пат по 30 години на овогодинешниот хаџ нема да учествуваат Иранците, бидејќи токму минатогодишната трагедија го разбеснила Техеран, чии односи со Ријад веќе биле тензични.