Во потрага по кралот Артур: Ископување кое би можело да ја реши една од најголемите мистерии во Европа

Точка

25/08/2016

20:00

7.772

Големина на фонт

а а а

Легендата се разгорила во текот на 12 век, кога свештеникот Џефри го напишал своето дело „Историја на кралевите на Британија“...

Една од најпознатите британски легенди, онаа за кралот Артур, и денес ја разгорува фантазијата на луѓето ширум светот. Благодарение на тоа, островот Тинтагел, на западниот брег од Корнвол, годишно привлекува 200 илјади посетители. Тинтагел, според легендата, е местото на зачнувањето на Артур, а можеби и неговото раѓање.


Оваа легенда се разгорила во текот на 12 век, кога свештеникот Џефри од Монмут го напишал своето дело „Историја на кралевите на Британија“, а пејзажот на островот се оцртува во неговата приказна како местото на зачнувањето на Артур. И покрај насловот, делото било фикција, а не историска хронологија, но тогаш се верувало дека Артур е вистински наследник на кралевите.


600 години пред ова дело се појавиле првите велшки песни за Артур како лидер во британската војска, но не и на британскиот принц.

Сепак, според авторот на делото „Критична историја на Средниот век“ на Дејвид Метјуз, прилично е сигурно дека Артур не е ниту зачнат ниту роден, па ниту умрел на Тинтагел, а сигурно не владеел со обединета Британија.


Многу малку се знае за вистинската историја на Тинтагел. Според претходните историски наоди, меѓу кои и илјадници парчиња керамика кои потекнуваат од периодот помеѓу 5 до 7 век, се чини дека ова место тогаш сепак било центар на моќта.


Во целта на откривање на мистеријата на едно од европските најголеми археолошки наоѓалишта, Корнвелшката археолошка единица ова лето започна со големо ископување, а целиот проект ќе трае во идните 5 години.


Овој остров денес е едно од најпосетените места во Велика Британија.