Сеск Фабрегас неславно го заврши натпреварот меѓу Челси и Ливерпул на кој неговата екипа славеше со 1:0 со погодот на Кејхил. Средбата одиграна во Пасадена е дел од Интернејшнл чемпионс купот.
Сепак, најмногу коментари на социјалните мрежи предизвика непотребно грубиот старт на Шпанецот над засилувањето на Ливерпул, Рагнар Клаван, за кој Фабрегас оправдано доби исклучување.