Ердоган ги повика инвеститорите да продолжат да инвестираат во Турција

Макфакс

23/07/2016

13:38

609

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во обраќањето во турскиот парламент, рече дека властите ќе ја задржат фискалната дисциплина и ги повика инвеститорите да продолжат да инвестираат во земјата.

Ердоган им се заблагодари на политичките партии кои ја поддржаа неговата одлука да прогласи вонредна состојба во траење од три месеца, за да се откријат приврзаниците на државниот удар.

„Некои мислеа дека економијата ќе пропадне доколку биде прогласена вонредна состојба“, рече Ердоган.


Спонзорирани линкови

Маркетинг