Ѕвездата на серијата "Округот Оринџ" последниве години минувала низ тежок период - доживеала нервен слом, а имала и проблеми со килограмите. Сепак, изгледа дека Миша Бартон конечно е онаа старата.
Актерката го минува својот одмор на грчкиот остров Миконос, а со фотографиите се пофалила и на социјалните мрежи.
Ѕвездата од американската серија објавила фотографија на која позира топлес со цигара во раката, додека во позадина се гледа панорама. Фотографијата за 24 часа добила голем број на лајкови, а фановите коментирале дека актерката конечно е таа старата.
Зад убавата Миша има неколку тешки години кои ги одбележале нервни удари и проблеми со килограмите, за што актерката ја обвинува својата мајка.
"На сите им се претставуваше како мој менаџер и крадеше од мене. Ми должи милиони долари и ме исфрли од вилата на Беверли Хилс која јас ја платив", рекла своевремено Миша.
Сепак, мрачниот период изгледа дека е зад неа, и актерката конечно продолжила понатаму. Таа работи на нови проекти, и изгледа подобро од било кога.