Следниот телефон од висока класа нема да биде само најдобриот паметен телефон произведен од Самсунг, туку и демонстрација на силата која што моментално ја има јужнокорејскиот производител на пазарот и надконкуренцијата.
Со доаѓањето на Самсунг Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge паметните телефони, компанијата докажа дека знае да еволуира, да ги исправи грешките, да тргне во друга насока и да ги послуша желбите на пазарот, односно на корисниците, како и на експертите кои што секогаш знаат да пронајдат некоја маана.

Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge се совршено изработени телефони, кои дури и iPhone го ставаат во сенка според дизајнот и квалитетот на изработката, но уште подобро е тоа што на корисниците (и критичарите) им го донесоа тоа што им беше потребно, односно тоа што го побараа после пласирањето на Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge на пазарот минатата година.
Следниот чекор на Самсунг, кој после претставувањето на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge ќе им зададе главоболки на конкуренцијата е Galaxy Note 7 кој никој нема да се осуди ниту да го копира. Новиот модел, освен името (очекувавме 6, а ќе добиеме Galaxy Note 7), ќе донесе нови моќни спецификации кои што започнаа да кружат на интернет деновиве.

Galaxy Note 7 ќе има:
- Ирис скенер на очите за подобрена безбедност и полесно отклучување на телефонот
- 5,7 инчи (14,5 сантиметри), QHD Super AMOLED екран
- 64 GB интерна меморија + слот за microSD мемориска картичка
- 12 мегапискелна Dual Pixel камера
- 5 мегапиксели „Селфи“ камера
- Водоотпорност по IP68 стандардот
- Црна, сина и сребрена боја на куќиштето
Телефонот се очекува да биде претставен во првата половина на август, а од спецификациите кои секако, се уште не се потврдени, се споменува дека Galaxy Note 7 ќе доаѓа со 6 GB RAM меморија и USB Type-C.