Постариот брат на Срна открива: Татко ми му кажа само едно нешто на Дарио пред ЕП

Дерби

16/06/2016

11:19

1.580

Големина на фонт

а а а

Дарио Срна го потресе голема семејна трагедија по завршувањето на првиот натпревар на Европското првенство против Турција, па во изминативе три дена беше приморан да се врати во родната Хрватска за последен пат да се прости од својот татко Узеир.

Хрватските медиуми веќе пренесоа дека таткото на репрезентативниот десен бек тешко боледувал веќе извесно време и дека било најавено најцрно можно сценарио, но Дарио едноставно се надевал дека неговиот драг родител ќе издржи уште некое време гледајќи ги неговите настапи на континенталното натпреварување.

Од хрватската репрезентација истакнаа дека Дарио се уште е неизвесен за настап на утрешниот натпревар против Чешка кој се игра од 18:00 часот, но како што открива постариот брат на Срна, нивниот татко го испратил помалиот син со една порака на Европското првенство.

– Кога Дарио последен пат го виде нашиот татко разговараа долго време и ја доби следната порака: Сине, одиграј го првенството до самиот крај, – открива Ренато Срна во изјавата за „Слободна Далмација“, потенцирајќи дека на својот брат гледа како на вистински столб во нивното семејство.

– Во овие тешки моменти, сите сме заедно. Ние сме му поддршка на Дарио, но и тој е наша огромна поддршка. Сега кога го нема нашиот такто Узеир, тој е столбот на нашето семејство, – додал братот на Срна кој на некој начин откри една од последните желби на нивниот починат татко, која повеќе од веројатно е дека ќе ја исполни фудбалерот на Шахтјор Доњецк.