Питер Сунде, еден од основачите на Pirate Bay, поприлично остро се осврна на доминацијата на Фејсбук на глобалниот интернет.
Најновите бројки покажуваат дека доминацијата на Фејсбук продолжува да расте. Најпопуларната социјална мрежа на светот, наводно веќе се има искачено до бројката од 1,65 милијарди активни корисници на месечно ниво. И затоа, многумина тврдат дека Фејсбук е „најголемата земја на светот“, со оглед на тоа што Кина има „само“ 1,38 милијарди жители.
На некои им оди на нерви, а некои не можат да го замислат животот без Фејсбук. Како и да е, факт е дека Фејсбук во денешно време не може да се игнорира кога е во прашање влијанието на социјалните текови и однесувањето на луѓето, па дури и надвор од виртуелниот свет. Поради тоа, интересна изјава даде еден од основачите на Pirate Bay.
„Луѓето во технолошкиот свет имаат голема одговорност, веројатно поголема од што мислат. Но, за ваквите работи, многу ретко или пак никогаш не се расправа. Фејсбук е најголемата земја на светот, а Марк Цукерберг е диктатор“, тврди Сунде и додава:
„Ако гледате од гледна точка на демократијата, Цукерберг е диктатор затоа што не е демократски избран, а има огромна моќ, поставува правила. Јас, на пример немам профил на Фејсбук, но Фејсбук влијае на мојот живот. Луѓето, верувале или не, престануваат да зборуваат со вас ако немате профил на Фејсбук. Тоа мора да го промениме“, изјави еден од основачите на Pirate Bay.