Груевски се сретна со Хајндл: ВМРО-ДПМНЕ е посветена за наоѓање решение за излез од кризата

Точка

12/05/2016

19:52

1.832

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл, кој ќе одржи неколку средби со лидерите на партиите во Македонија.

Груевски и Хајндл разговарале за политичката состојба и за кризата, но и за евроатлантските интеграции на нашата држава.

Како што соопштиле од ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека се посветени за изнаоѓање на решение за излез од политичката криза.

Груевски рекол дека во интерес на државата и на сите граѓани е да се надмине кризата и Македонија да се врати на патеките на економскиот развој. Додал дека граѓаните посакуваат решенија за враќање на нивната безбедност и спокојство.

Груевски нагласил дека своите одлуки ги базира на интересот на граѓаните, притоа внимавајќи и на државните интереси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг