Повеќе од 4.000 бегалци на грчката граница

Нетпрес

26/02/2016

10:39

636

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 3.000 луѓе се наоѓаат во привремениот прифатен центар во пограничното место Индомени, додека само 150 бегалци од Сирија и Ирак ја поминале тампон зоната помеѓу Грција и Македонија.

Грчката полиција соопшти дека уште 1.300 бегалци се наоѓаат во Поликстра, во близина на бензинската пумпа, пренесе грчката агенција АНА.

Грчките власти настојуваат да излезат на крај со големите застои на границата, особено поради тоа што балканските земји претходниот викенд ги заострија условите за транзит на мигранти.


Спонзорирани линкови

Маркетинг