До крајот на деценијата 3,6 милиони бегалци ќе влезат во Германија

Макфакс

25/02/2016

19:33

1.015

Големина на фонт

а а а

Германската влада смета дека во државата до крајот на деценијата ќе влезат 3,6 милиони бегалци, јави во четвртокот Sueddeutsche Zeitung повикувајќи се на процени на министерството за економија.

„Станува збор за процена која служи внатре во владата за проекции на економскиот раст во претстојните години“, дознава Sueddeutsche Zeitung од извори во владата.

Истовремено се нагласува дека моментно е „целосно невозможно“ прецизно да се утврди движењето на бројот на бегалци во следните четири години.

Владата смета со тоа дека приливот на бегалци во следните години ќе биде константен со околу половина милион годишно Ако кон тоа се придодадат 1,1 милиони бегалци годишно, колку што стигнаа во 2015 година, се доаѓа до бројка од 3,6 милиони до крајот на 2020 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг