Бундестагот прифати заострени закони за азил

Макфакс

25/02/2016

18:30

1.048

Големина на фонт

а а а

Германскиот парламент Бундестагот со големо мнозинство гласови од владејачката демохристијанска-социјалдемократска коалиција во четвртокот го прифати контроверзниот законски пакет мерки кој треба да ги заостри условите за добивање политички азил во Германија, како и да го забрза процесот на протерување на оние на коишто им е одбиено барањето.

„Да го парафразирам Вили Бранд (поранешниот социјалдемократски канцелар – з.р.) во политиката ретко станува во одлука меѓу црното и белото, туку за бирање на една од многуте нијанси сиви“, изјави повереничката на сојузната влада за интеграции Ајдан Езогуз (од Социјалдемократската партија на Германија – SDP – з.р.), бранејќи го законскиот пакет од нападите на опозицијата која на коалициската влада на канцеларката Ангела Меркел ѝ префрла дека со новите законски мерки правото на азил во Германија го става вон сила.

„Ова не е домерена политика, туку симбол на хаос и паника“, изјави претседателската на пратеничката група на опозициската партија Зелени, Кетрин Геринг-Екард, критикувајќи го пакетот законски мерки. И опозициската партија Левица остро реагираше на новите мерки, забележувајќи дека, во прв ред, овој пакет е донесен пребрзо и без да биде обмислен.

Од вкупниот број пратеници 429 гласаа „за“, 147 беа „против“, а четворица се воздржаа од гласањето за пакетот законски мерки нарече „Азилски пакет II“, кој владата на Меркел го донесе како реакција на драстичното зголемување на бројот на бегалците кои од доцна летото 2015 година, пристигнуваат во Германија.

Најважниот дел од законските промени се однесува на воведувањето специјални центри за прифаќање на барателите на азил кои имаат многу мали, или речиси никакви можности да добијат статус на прогонети лица или бегалци во Германија, Овие лица веднаш од границата би се сместувале во специјалните прифатни центри, каде што нивното барање би било решавано по забрзана постапка, по што, доколку биде одбиено, би следело протерување во земјата на потеклото.

Кај овие лица главно станува збор за баратели на азил од земји кои важат како сигурни или лица коишто по вторпат се обидуваат во Германија да поднесат барање за азил, иако веќе еднаш им е одбиено. Тоа се сите земји од ткн западен Балкан, а сега терминот „земји на сигурно потекло“ е проширен и на Мароко, Тунис и Алжир.

Најспорниот дел од законскиот пакет се однесува за забраната на спојување семејствата на бегалците на кои им и е овозможено привремено заштита, на пример додека не престанат причини поради кои на тоа лице му е пружено засолниште во Германија. Опозицијата особено критикуваше дека тоа се однесува и на малолетните бегалци, коишто сега нема да имаат можност своите родители по легален пат да ги доведат во Германија. Езогуз истакна дека оваа мерка се однесува на „многу мал“ број бегалци.

Во иднина ќе биде олеснето и протерувањето на барателите на азил и на бегалците кои ги прекршителите на германските закони. Оваа мерка е воведена како реакција на безредијата во новогодишната ноќ кога на железничката станица во Келн големи групи бегалци, главно во северноафриканските земји, сексуално нападнаа и ограбуваа повеќе стотици жени. Сега ќе биде можно да бидат протерани оние лица кои се осудени на најмалку една година затвор. Досега таа граница изнесување три години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг