ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во 2009 година гласаше против Законот за помилувања

Макфакс

25/02/2016

15:18

1.044

Големина на фонт

а а а

СДСМ во 2009 година кога се гласаа измените во Законот за помилување беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот, при што ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега стои зад измените во Законот за помилување кои беа предложени до Уставниот суд. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков и да е криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд“, се вели во партиското соопштение.

Соросовите невладини кои организираат протести пред Уставниот суд како и обично се таму за да го одбранат интересот на СДСМ, сметаат од владејачката партија.

Имено, во средата со пет гласа „за“ и четири „против“, уставните суиди одлучија дека претседателот на државата има право да помилува осудени лица за изборен криминал, а попладнето пред Уставниот суд беа организирани протести по повод оваа одлука. Нови протести се закажани и за во четврток.


Спонзорирани линкови

Маркетинг