Грција ќе прими уште 50.000 бегалци

Нетпрес

23/02/2016

15:37

1.103

Големина на фонт

а а а

Владата во Грција одлучила да прими уште 50.000 бегалци на својата територија и потоа повторно да преговара со ЕУ во однос за тоа како да се справат со моменталниот наплив на мигранти, пишува "Грик Рипортер".

Во синоќешната вонредна седница на кабинетот, премиерот Алексис Ципрас одлучил да прифати уште 50.000 бегалци, а потоа да ги почне преговорите на високо ниво за тоа како да се сопре масивниот бран од мигранти што секојдневно пристигнуваат од бреговите на Турција.

На средбата било одлучено дека уште четири или пет воени кампови ќе бидат преуредени во кампови за бегалци. Камповите ќе бидат на потегот од пристаништето Пиреја до Идомени, на границата со Македонија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг