После неколку месеци нагаѓања, разни информации и фотографии, новиот членови на „Галаксијата“ на Самсунг конечно се претставени на "MWC" саемот во Барселона.
Самсунг на Unpacked случувањето ги претстави своите најнови и најдобри до сега Андроид паметни телефони.

„Веруваме во свет кој е поведар, повеќе остар, практичен и забавен. Ја остваруваме таа визија со Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge, со обединувањето на елегантниот дизајн и функционалност, со ненадминливото мобилно искуство“, изјави Кох, претставникот на дивизијата на мобилни комуникации во Самсунг.

Самсунг на новите модели одлучи да подобри буквално се - од екранот, камерата, процесорот, а вратен е и слотот за microSD картичката. Покрај тоа, телефонот сега е отпорен на прашина и вода.

Edge моделот има малку поголем екран - 5,5 инчи, а резолуцијата останува иста - QHD. Стандардната верзија доаѓа со иста резолуција, но со помал екран од 5,1 инчи. Galaxy S7 има вградена батерија со капацитет од 3000 mAh, додека Edge има батерија со капацитет од 3600 mAh. И двата телефони поддржуваат бежично полнење.
Камерата сега има 12 мегапиксели со dual-pixel технологија. Од Самсунг се многу горди на својата нова камера за која што велат дека е една од најдобрите моментално на пазарот. Фотографиите кои што се направени во темно навистина изгледаат одлично.

Вграден е и нов процесор кој е за 30% побрз во однос на претходниот модел, додека GPU-то е побрз за 60% во однос на својот претходник. Телефонот има и течно ладење за да не се прегрее.
Телефоните ќе бидат достапни во бела, црна, сива и златна боја. Продажбата започнува на 11-ти март, а препорачаната цена изнесува 769 евра. Сепак, повеќе детали околу цената ќе бидат познати откако телефоните ќе пристигнат на пазарот.
Детални спецификации:
Galaxy S7:
Екран: 5,1 инчи, Super AMOLED (2560х1440 пиксели)
Процесор: Snapdragon 820/Exynos 8890
РАМ: 4GB
Интерна меморија: 32/64GB
Камера: 12MP f/1.7, OIS, LED блиц
Батерија: 3000 mAh
Димензии: 124 x 69.6 x 7.9mm
Тежина: 152 грама
Оперативен систем: Android 6.0 Marshmallow
Останато: IP68, microSD слот, Samsung Pay, Corning Gorilla Glass 5, скенер за отпечатоци на прсти.
Galaxy S7 Edge:
Екран: 5,5 инчи, Super AMOLED (2560х1440 пиксели)
Процесор: Snapdragon 820/Exynos 8890
РАМ: 4GB
Интерна меморија: 32/64GB
Камера: 12MP f/1.7, OIS, LED блиц
Батерија: 3600 mAh
Димензии: 150.9 x 72.6 x 7.7mm
Тежина: 157 грама