Анима Мунди: Зошто се криело за смртта на лавицата во ЗОО Скопје?

Точка

19/02/2016

15:20

4.223

Големина на фонт

а а а

Зошто скопската Зоолошка градина ја криела смртта на лавицата повеќе од месец дена, прашува Анима Мунди во своето соопштение, коишто пак потенцираат дека ова не е прв пат да се сокрива смртта на едно животно.

Откако несреќното животно почина, смртта се крие, а ако се точни сите информации кои ги имаме, смртта се крие можеби и п...

Posted by Anima Mundi - здружение за заштита на животни on Friday, February 19, 2016


"Прашуваме зошто Зоолошката градина не ја информираше јавноста за оваа загуба, што се премолчува ? Зоолошката не е приватно претпријатие туку ќумез за животните кој е , за жал, платен од буџетот, парите на граѓаните и секако должност на Зоолошката е давање отчет. Тие животни не се нивна играчка и не се заменливи!", пишува во дел од соопштението на Анима Мунди.

Одговорните за односи со јавноста од Зоолошката градина во Скопје ја потврдиле смртта на лавицата за Анима Мунди, но претставниците на ова здружение тврдат дека смртта на лавицата се криела повеќе од месец дена.

"Ги повикуваме Зоо скопје веднаш да се произнесат за смртта на лавот и своите ставови ги поткрепат со докази. Ги повикуваме институциите на темелна истрага и затворање на ЗОО Скопје , а граѓаните на БОЈКОТ на овој и секој друг затвор за животни, кои трпат самотија, депресија, умираат од тага, страв и негрижа . Потенцираме, со секоја купена влезница вие поддржувате страдање, објективизација на живи битија, нивно искористување и профит , поддржувате интереси на некој друг додека животните се ставени во неприродни средини, обезвреднета е нивната природа и нивните потреби, оставени се да се мачат и умираат. Бојкот на зоолошките, тие се олицетворение на срамот, суровоста, алчноста и бедата на нашето општество!", реагираат Анима Мунди.

Но, тие потенцираат дека ова не е прв пат за да се сокрива смртта на едно животно во скопската Зоолошка градина.

"Потсетуваме дека е ова едно во низата животни кои се мртви во исклучително сомнителни околности , а желбата да се премолчи овој случај (како сите минати случаи) дава за право да веруваме дека со животните се постапува нехумано, несоодветно, дека исклучително многу страдаат."


Спонзорирани линкови

Маркетинг