Мини цунами: Овие бранови уништиле селце во Англија за секунда

Точка

09/02/2016

18:53

2.432

Големина на фонт

а а а

Олујата Имоген со силните удари на ветерот вчера буквално направила хаос на југот на Англија.

Драматичните фотографии го прикажуваат моментот кога огромен бран го поклопил селото Сенен во Кромвел, а експертите рекле дека нешто слично никогаш не виделе.




Забележани биле и бранови во висина од 20 метри, а ветерот дувал со брзина од 160 километри на час.




Олујата предизвикала хаос во сообраќајот и оставила 13.500 домови без струја. Училиштата се затворени, како и главните патишта и мостови, а неколку луѓе поради повреди завршиле во болница.