Поранешната сопруга на претседателот на Русија, Владимир Путин, се премажила по разводот во 2013. година. Нејзин нов избраник е 37-годишниот Артур Очеретни, кој наводно е на чело на една од компаниите со кои раководи Људмила.
Људмила во брак со првиот човек на Русија минала повеќе од 30 години, и со него има две ќерки.
Информациите за нејзиниот нов брак ги објавил рускиот портал "Собеседник", кој дошол до посед на копијата од имотната карта на Људмила, на која го носи презимето на новиот сопруг.

Артур Очеретни и Људмила се венчале уште на почетокот на минатата година, но јавноста за тоа дознала дури овие денови. Артур е на чело на Центарот за развој на интерперсонални комуникации, еден од проектите на неговата нова сопруга, која веќе долго време работи на промоција на рускиот јазик и култура.
Потврдата за новиот брак на поранешната прва дама на Русија и ја изнел и големиот критичар на Владимир Путин, опозиционерот Алексеј Навални, кој навел дека Људмила го променила своето презиме од Путина во Очеретнаја.

Потсетуваме, рускиот претседател и сега веќе неговата поранешна сопруга, соопштиле дека се разведуваат по паат на видео снимка објавена на руска телевизија во 2013. година.
"Тоа беше заедничка одлука", рекла тогаш Људмила.

Владимир Путин од тогаш е во врска со 32-годишната поранешна гимнастичарка Алина Кабајева, а Људмила очигледно решила да тргне по стапките на поранешниот сопруг и да најде помлад партнер.