Многу места на светот страдале во природни катастрофи, воени судири, или пак биле колатерална штета на несреќи предизвикани од човекот. Некои од нив се особено страшни.
Хулиан Сантана Барера одлучил да живее како самотник во зашумено мексиканско островче во пределот Хочимико, во близина на главниот град Мексико Сити. Одлучил да остане на островот откако во водата пронашол тело од мало девојче, а веднаш потоа и нејзината кукла. Куклата ја обесил на дрвото, а сметал дека поради тоа нејзиниот дух ќе престане да се мачи и да вреска во текот на ноќта. Велел дека куклата не престанала да плаче, и почнал да ги беси сите кукли кои ги нашол. Тоа траело околу 50 години, сé до неговата смрт во 2001 година. Оттогаш Островот на куклите е туристичка атракција.

Еврејскиот кварт Јосефов се наоѓа во стариот дел на Прага. Овој кварт е специфичен по своите гробишта. Имено, поради ограничениот простор, гробиштата не можеле да се шират хоризонтално, и мртовците ги закопувале еден врз друг. Најстарите надгробни плочи, кои ги има 12 илјади, датираат од 1439 гофина. Сите се закосени, сронети и се наслонуваат една на друга, па целите гробишта изгледаат како од филм.

Кандидо Годои, општина во Бразил, пак, има многу необична статистика. Овде секое десетто дете има близнак, односно, во општината живеат осумдесет семејства со 44 пара близнаци. Тоа е толку неверојатно, што многу научници се обидувале да утврдат дали постои можност големиот број на близнаци да е резултат на продолжение на експериментите на нацистичкиот расистички генетичар, д-р Јозеф Менгеле. После крајот на Втората светска војна, познато е дека Менгеле се сокрил во Аргентина, Парагвај и на крај во Бразил.

Втората најголема дупка на светот која ја ископал човекот е поранешниот рудник на дијаманти Мир во Сибир. Во моментот кога бил затворен, бил длабок дури 525 метри, а широк 1200 метри. Тоа што е чудно во врска со овој рудник, освен неговите застрашувачки димензии, е фактот дека рудникот почнал да предизвикува несреќи во воздушниот простор. Необични струења и нагли промени на температурата на воздухот предизвикале неколку авионски несреќи, па над рудникот не е дозволен воздушен сообраќај. Зошто тоа се случувало, на јавноста никогаш не ѝ било објаснето.

Една од најлошите несреќи во човечката историја се случи во 1986 година, и тоа не толку далеку од нас. Сите слушнале за катастрофата на нуклеарната централа Чернобил, и трагедијата на жителите на градот Припјат. Луѓето во текот на евакуацијата на градот ги оставиле сите свои предмети, па Припјат е слика за тоа како би изгледала Земјата доколку дојде до нејзино потполно уништување. Училиштата, болниците и забавните паркови изгледаат неописливо страшно во зараснатата трева.

Шумата Аокигахара се наоѓа на подножјето на планината Фуџи во Јапонија. Веќе 45 години неколку десетици храбри полицајци и волонтери, на крајот на секоја година, ја пребаруваат оваа шума за да најдат „остатоци“. Оттогаш до денес во шумата своеволно си го одзеле животот илјадници луѓе, а пребарувачите се обидуваат на измачените души барем да им обезбедат достоинствен погреб. Шумата е второто „најпопуларно“ место за самоубиство, веднаш после Голден Гејт мостот во Сан Франциско.