Променливо облачно со слаб ветер од јужен правец

Макфакс

23/11/2015

09:14

740

Големина на фонт

а а а

Во понеделник синоптичарите предвидуваат дека нé очекува променливо облачно со слаб ветер од јужен правец.

Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират на повеќе места. На повисоките планини ќе повремен снег.

Утринските температури се движат од 3 Целзиусови степени во западните делови од земјата до 7 степени во јужните. Максималните дневно ќе достигнат меѓу 9 и 19 степени. Во Скопје утринската температура изнесува 7, а дневната ќе достигне до 15 Целзиусови степени.

Во текот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови.

Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за два до три степена.


Спонзорирани линкови

Маркетинг