Анкета на ИРИ: Расте рејтингот на Груевски

Нетпрес

19/11/2015

14:45

1.512

Големина на фонт

а а а

Расте довербата кај граѓаните во премиерот Никола Груевски, покажала најновата анкета спроведена од Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

Според последното истражување, 35 отсто од граѓаните веруваат дека премиерот Никола Груевски треба да биде реизбран.

Во споредба со анкетата од јуни, годинава, кога 32 отсто од анкетираните сметаа дека Груевски заслужува да биде резибран, во последната анкета на ИРИ, поддршка за реизбор на премиерот даваат за три отсто повеќе граѓани, односно 35 отсто.

Од друга старана, за 3 отсто е намален бројот на оние кои сметаат дека тој не треба да добие нов премиерски мандат.

Оваа анкета најавува и потврдување на убедливата разлика во рејтинзите и поддршката меѓу граѓаните што беше измерена при последната анкета на ИРИ во јуни кога ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство од 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваа само 11 отсто од анкетираните. Тогаш меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски беше со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18 проценти од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот.

Во најновата анкета на ИРИ се покажува и менување на перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот. 14 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека кавлитетот на животот во земјава се подобрува.

Во споредба со последната анкета од јуни годинава, перцепцијата на граѓаните за квалитетот на животот пораснала за 3 процентни поени.

Во споредба со анкетите од минатите години, последната анкета на ИРИ покажува дека позитивно на прашањето дали се подобрува квалитетот на животот, одговориле најголем број граѓани во последните 5 испитувања на јавното мислење.

Рекордно високо мислење на граѓаните и за намaлувањето на невработеноста. Дури 45 отсто од анкетираните сметаат дека во последната година се намалила невработеноста. Во споредба со минатите анкети, ова е историски највисок процент на граѓани, кои сметаат дека невработеноста се намалила во последната година.

Забележан е раст на евроскептицизмот. Речиси секој четврти граѓанин на Македонија е против влез на земјата во Европската Унија. 72 отсто од анкетираните поддржуваат влез на Македонија во ЕУ што е најниското ниво, кое го измерила ИРИ од 2006 година и идентично со анкетите во 2014 година.

Анкетата покажува значително подобрување на општата и генерална слика за државата.

Инаку при презентација на бројките и рејтинзите за поддршка на партиите се очекува да се потврди убедливата разлика на поддршката на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

Оваа анкета на ИРИ била спроведена преку интервјуа лице в лице од 29 септември до 5 октомври, годинава, на примерок од 1.106 македонски граѓани.

Инаку сите анкети објавени во последните неколку месеци покажуваат раст на довербата на граѓаните во премиерот Никола Груевски и во ВМРО-ДПМНЕ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг