Кери: САД се подготвени за договор со Русија за безбедноста над Сирија

Макфакс

14/10/2015

15:48

1.073

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека САД се подготвени да постигнат договор со Русија за безбедноста на летовите над Сирија, за да се избегне провоцирањето меѓународна криза.

„Ние сме подготвени, за нашите авиони да не бидат доведени во опасност на небото над Сирија, за да не бидат доведени во опасност пилотите. И за да не се испровоцира меѓународна криза“, изјави Кери на средбата со студентите и професорите на престижниот универзитет Харвард.

Американскиот државен секретар, исто така, изјави дека е уверен во можноста да се воспостави конструктивен дијалог со руската страна по спомнатото прашање.

Претходно во вторникот руското министерство за одбрана соопшти дека го подготвило предлогот за можниот договор со САД за безбедноста на летовите во рамките на операциите против терористичките групи во Сирија и оти ги предало на американските партнери. Москва притоа објави дека руските стручњаци се подготвени за уште една видеоконференција со американските колеги која би се одржала во средата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг