Пресметката на Путин со Заливските шеици: Може ли рускиот претседател да спречи терористичка одмазда?

Точка

13/10/2015

13:10

9.795

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател се состана во Москва со саудискиот министер за обрана - беше разговарано за ситуацијата во Сирија. Не треба да се нагласува дека станува збор за еден од најтешките состаноци на Путин во неговиот долг мандат...

Имено, Русија и Саудиска Арабија се на најизразено спортивните страни од сите актери во сирискиот конфликт. Секако, ривалството помеѓу Русија и САД е во крупен план кога е во прашање војната во Сирија, но колку и да изгледа тоа невозможно, сепак кога е потребно нивните ставови можат да наидат на некакво согласување.

САД заедно со западните, но и сојузниците на Блискиот исток како што е Саудиска Арабија тврдат дека се борат против тероризмот во Сирија. Но, како е тоа можно кога на пример ИСИЛ со финансиската и политичката помош од саудиските и останатите заливски актери прерасна во голема терористичка организација која со своите ѕверства го шокираше светот?


Саудиска Арабија се бори против тероризмот? Тоа се морбидни зборови

Зборовите „Саудиска Арабија се бори против тероризмот“ се во најмала рака апсурдни. Дури повремено и во западните медиуми се јавуваа натписи - како оној на британски "Independent" кој неодамна објави дека Саудиска Арабија е најголемиот непријател на Западот, а не Иран, Сирија или Хезболах.

Сепак, имајќи ги во предвид какви се ставовите на Саудиска Арабија во врска со конфликтот во Сирија и колку пари беа вложени во обидот за соборување од власт на сирискиот претседател Башар Ал Асад, што може Путин да постигне на ваквите средби? Путин мора да се обиде да направи некаков договор, затоа што ситуацијата може да ескалира. Јасно е дека Русија има воена моќ да ја срамни Саудиска Арабија со земја, но по секоја цена мора да се избегнат евентуалните терористички напади на радикалните исламисти во Русија.

Неколку дена после почетокот на руската воена интервенција во Сирија, влијателни саудиски свештеници ја нарекоа Русија - „Црн Ѓавол“ и повикаа на џихад против Русија. Москва знае дека ова не е шега, односно терористичките напади на руска територија се најголемата опасност која им се заканува после интервенцијата во Сирија.

Дали Путин е во ќорсокак?

Што може Путин да направи за да ја спаси Русија од терористички напади? Што може да им понуди на заливските лидери? Тешко може да се очекува за некаква политичка транзиција во Сирија, посебно не сега кога руските бомбардери немилосрдно ги уништуваат непријателите на Асад во кои Саудиска Арабија и Катар вложуваа со години.


Можеме само да нагаѓаме за што се зборувално на состанокот, но рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави после состанокот дека Москва и Ријад се договориле да следат заеднички интереси во Сирија, вклучувајќи и национално помирување во заедничката борба против тероризмот.

Пред состанокот со саудискиот министер за одбрана, Путин имаше состанок и со принцот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамад Бин Зајед Ал-Нахјан, а после состаноците јасно е дека Русија и Заливските актери не можат никако да се согласат во врска со судбината на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Според ова, може да се каже дека преговорите на Путин со шеиците биле неуспешни затоа што Москва и Ријад веќе одамна имаат јасно познати - спротиставени ставови во врска со Сирија. Но, не мора да значи дека е така, затоа што сигурно е дека Путин исто така го отворил и прашањето за заканите на саудиските шеици, па некоја страна очигледно мора да попушти.

Пријателот блиску, а непријателот...


Тешко е да се каже што може Путин да понуди за да се сопре одмаздата против Русија. Заминување на Асад во „догледно време“? Закана со уште помоќна руска воена одмазда? Треба да се нагласи дека ниту шеиците од друга страна не можат во никој случај да упатат закани.

Тешко е дека детали од преговорите ќе испливаат на површина, но сега стана јасно дека Русија има „комуникациски линии“ и таму каде што е најтешко. Сетете се само на опсежниот состанок на Путин со израелскиот премиер непосредно пред да започне воената интервенција на руското воено воздухопловство во Сирија.

За Русија ова е многу важно затоа што со својот „упад“ на Блискиот исток јасно е дека ќе создаде непријатели, но како што е случај кај добрите стратези, Русите ќе мора своите пријатели да ги чуваат блиску, а непријателите уште поблиску!


Спонзорирани линкови

Маркетинг