На конгресот „Исхрана будучности“ која што се одржа во Нови Сад во соседна Србија, младиот македонски експерт за фитотерапија, хербализам и нутриционизам Драган Јованов доби признание за најдобар млад научник.

На конгресот учествуваа бројни академици, професори, доктори и магистри од голем број на земји од регионот како Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија, но и пошироко како Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австрија Швајцарија, Шведска, Канада и други земји.