10 факти за Финска кои веројатно ќе ве натераат да ја посетите

Точка

28/09/2015

12:30

11.924

Големина на фонт

а а а

Има многу причини поради кои би се заљубиле во Финска и нејзините луѓе (особено девојките!). Бидејќи е невозможно да се стават сите тие во една листа, еве неколку интересни факти за оваа северна земја кои можеби ќе ве предизвикаат да ја посетите.

Ова е Финска, голема земја на најсеверната точка на Европа.


Најубавите глетки од Северната светлина Aurora Borealis можат да бидат видени во финскиот крај Лапланд. Aurora Borealis овде се појавува повеќе од 200 ноќи годишно. Тоа е речиси секоја зимска ноќ.


Многу луѓе мислат дека Финска е најголем конзуматор на алкохол во светот. Напротив, Финска се наоѓа дури на 19-тото место на оваа листа. Но, затоа, Финците се први во пиење кафе!


Има повеќе шуми и вода од било која земја во Европа. Иако веројатно сте слушнале дека Финска е земја на илјада езера“, таа е земја и на илјада шуми. Повеќе од 70 посто од Финска е покриена со густа и разновидна шума – повеќе од било која европска земја, и со површина поголема од цела Италија!


Повеќе од жените кои ги среќавате по баровите изгледаат вака.


Финска беше дом на производителот на најиздржливите мобилни телефони – Nokia. Но, Стефен Елоп реши да ја продаде компанијата на Microsoft, ја отпушти половина Финска и сé уште зема месечна пензија во вредност од 5900 евра од финската влада.


Финска поизведува многу и разновидни пива и секакви видови алкохол, но владата се обидува да ги зголеми даноците, па затоа никој не купува алкохол и тој бизнис сега е непрофитабилен. Затоа, Финците патуваат и увезуваат повеќе од 31,5 милиони литри алкохол годишно од Талин, Естонија.


60 посто од времето времето изгледа вака. Затоа, Финска е 21-вата најсамоубиствена нација во светот.


Но, 40 посто од времето, климата е ваква. Затоа, истовремено Финска е и 7-мата најсреќна земја во светот.


Во Финска, казните за брзо возење се прогресивни, и се определуваат според годишната плата на возачот. Еднаш се случило човек да добие казна од 200.000 долари бидејќи возел 90 километри на час во зона каде максималната брзина била 60 километри на час.


Финска е и „најрусокосата“ земја на планетата Земја. Има повеќе русокоси дури и од Шведска.