Новата Ford Ka – помалку стил, повеќе функционалност

Koli.com.mk

25/09/2015

10:41

1.415

Големина на фонт

а а а

Ford Ka е градски автомобил, наменет пред се оние свесни за стилот, но со помала функционалност и практичност од конкурентите. Новиот модел ќе намали на стилот, но ќе донесе многу повеќе вредност за парите...

Ова Ford ќе го направи бидејќи купувачите во овој сегмент сакаат се повеќе и повеќе од својот автомобил, особено во поглед на просторот во внатрешноста и големината на багажникот. Така, наместо млади купувачи, сега за мал автомобил се одлучуваат се повеќе фамилии, кои немаат да одвојат за поголем автомобил. Затоа, новиот модел ќе се вика Ka Plus, веројатно за да ги означи придобивките во однос на тоа што досега беше моделот.


На фотографиите, кои се од концептниот модел претставен во 2013 година на саем во Бразил, се гледа дека дизајнот нема да биде толку модерен и шик како на претходникот, иако предната маска и натаму ќе го има карактеристичниот изглед на поголемите модели на Ford.

Новиот модел треба да донесе големи подобрувања во просторот во внатрешноста и багажникот, на нивото на најдобрите во класата. Цената веројатно ќе биде намалена, со цел Ka Plus да биде попривлечна за фамилијарните купувачи.

Новата Ford Ka Plus треба да биде претставена наредната година, кога ќе ги знаеме и сите детали за моторизацијата и останатите карактеристики, како опремата и цените.