Аудио касетите се продаваат повеќе отколку во седумдесетите...

Точка

01/09/2015

17:39

4.221

Големина на фонт

а а а

Од американскиот производител "NAC" соопштија дека аудио касетите оваа година биле продавани повеќе отколку во 70-тите години од минатиот век.

Производителот на аудио касети National Audio Company (NAC) од градот Спрингфилд од САД тврди дека 2015-та им е најдобрата година уште од нивното основање кое било во далечната 1969-та година.

„Нашиот бизнис модел може да се окарактеризира како тврдоглавост и глупост. Бевме премногу тврдоглави да се откажеме од производството на аудио касети и погледнете што се случува сега“, изјави претседателот на "NAC", Стив Степ во интервјуто за "Bloomberg".


"NAC" моментално е најголема од преостанатите компании кои што се уште произведуваат аудио касети во САД. Компанијата е високо профитабилна, минатата година продале повеќе од 20 милиони аудио касети, а оваа година продажбата е зголемена за 20%.

Од "NAC" велат дека причината за растот на продажбата е големото „Ретро враќање“ во музичката индустрија: „Владее носталгија за времињата и чувството како е да се ракува со аудио касета“, изјави Стив Степ кој додаде дека „Многу музичари го сакаат топлиот, аналоген звук кој го произведуваат аудио касетите“.