После смртта на Стив Џобс, новинарите врз темел на неговата биографија и други гласини заклучија дека еден од основачите на Apple размислувал за уште два големи проекти.
Еден од тие проекти е телевизорот за кој што веќе подолго време „се слушаа“ гласини, но се чини дека iTV не би требало да го очекуваме за кратко време затоа што Apple работи на голем проект за автономен автомобил.

Оваа година за прв пат беа објавени некои посериозни гласини во врска со iCar и за тоа како Кук и неговата екипа во тајни лабаратории развиваат автомобил кој на пазарот би требало да се појави најдоцна до 2020-та година. Од Apple секако ништо не коментираат во врска со ова, но факт е дека во последните неколку месеци биле вработени експерти од автомобилската индустрија меѓу кои има и експерти за развој на автономни возила.
Британски Guardian објави документи кои што покажуваат дека од Apple се интересираат и за полигон на кој ќе се вршат тестирањата на автономниот автомобил. Проектот е со кодно име Titan, а документите покажуваат дека веќе бил одржан состанок на представници на Apple со представници на компанијата GoMentum Station која што поседува полигон за тестирање на автономни возила во Сан Франциско.

Досега најголем напредок во врска со автономните возила оствари Google кои што неколку модели на автономни возила тестира во Mountain View. Сепак, ниту тие не се единствени. Неодамна беше објавено дека Uber ангажирале експерти за развој на автономни автомобили.