Двајца скопјани му ја кинеле униформата на полицаец во Охрид

Макфакс

10/08/2015

13:32

1.580

Големина на фонт

а а а

Двајца скопјани нападнале полицајци во Охрид бидејќи им побарале возачки документи.

Инцидентот се случил во неделата попладне во 17.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Полицајците го запреле автомобилот „форд ескорт“ и на дваесет и двегопдишниот возач му побарале документи.

Возачот заедно со деветнаесетгодишен другар почнале да им викаат на полицајците и им се заканиле дека ќе ги убијат ако им се приближат.

Полицајците продолжиле да си ги вршат службените дејствија, по што возачот го напднал едниот полицаец и му ја кинел униформата, а другиот полицаец го удрил со нога, кога се обидел да влезе во возилото.

Во нападот учестувал и сопатникот. Двајцата напаѓачи се приведени и против нив е поднесена кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста.