Магично дрво: Хибрид со цветови во разни бои раѓа 40 видови на овошје

Точка

27/07/2015

12:09

10.036

Големина на фонт

а а а

Професорот по уметност и голем еко-активист, Сем Ван Акен од Универзитетот на Сиракуза, создаде неверојатно растение – хибрид, Дрвото на 40 овошја, кое истовремено има цветови во различни бои и раѓа 40 различни овошни плодови.

Користејќи техника наречена „скулптура преку калемење“, Сем Ван Акен зема мало гранче од едно овошје и го става во мало дупче во дрвото-домаќин. Гранката е залепена на тоа место и оставена да се асимилира со домаќинот во зимските месеци. Кога доаѓа пролет, трудот на Ван Акен вродува со плод. Поточно, со 40 различни плодови.



Хибридното дрво раѓа разни видови на праски, сливи, кајсии, нектарини и цреши.

Иницијално, идејата започнала како уметничка инсталација која го комбинира уметничкото око на Ван Акен и неговото искуство од детството поминато на фарма и работата во одгледувањето на градината на универзитетот, која има 250 различни овошни дрвја.


Поголемиот дел од годината ова е дрво со нормален изглед. Но, кога доаѓа пролет, цвета во различни нијанси на розево, бело и црвено, а во доцното лето раѓа секакви овошки.

Како што Ван Акен продолжува да го истражува проектот, забележал дека во продавниците не можат да се најдат многу видови на овошје поради нивната големина, боја и краток рок на траење, и проектот се претворил во обид за зачувување на видовите кои тешко се наоѓаат.



„Продолжуваме да губиме вариетет и диверзитет во овошјето кое ни е достапно“, вели Ван Акен во видеото за Ted X Talks. „На некој мал начин, јас создавам мој сопствен тип на диверзитет и зачувување“.

Прв пат започнал со оваа техника на калемење во 2008 година, и во зависност од тоа кога се сади дрвото, му требаат околу 5 години да развие едно вакво дрво и да калеми 40 врсти на домаќинот.


Професорот го евидентира секое дрво, забележувајќи кога различните гранки цветаат и даваат плодови во сезоната.

Досега, Ван Акен создал и засадил 16 вакви дрва во музеи, јавни центри и приватни уметнички колекции низ САД, од Калифорнија до Масачусетс. Во иднина цели да создаде мала градина со хибриди во урбана околина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг