Тиктокерот „@guyzer“ при неговата посета на Амстердам сподели вирална видеоснимка од невообичаеното откритие кое го пречека во хотелската соба. На прв поглед собата делуваше сосем вообичаена, меѓутоа внатре било скриено огромно изненадување.
Соба со авион
Имено, во собата се наоѓал авион. „Ох, среде хотелската соба има авион. Само еден целосно функционален авион со седишта и светла кои се вклучуваат“, рече тој во видеоснимката, која собра повеќе од 24 милиони прегледи како и 3 милиони лајкови.
Истражувајќи понатаму, тој откри дека пилотската кабина е отворена за гостите за да можат „да влезат внатре и да истражуваат“, велејќи дека тоа е сосема нормална хотелска погодност. На крајот од видеоснимката, тој го прогласи авионот за „многу интересен додаток“.
Тиктокерите се обидоа да откријат каде се наоѓа овој невообичаен хотел, а еден напиша дека станува збор за хотелот „Корендон“ во Амстердам. Инаку ова не е прв пат овој хотел да привлекува внимание со својот невообичаен дизајн, имено пред влезот на друг Корендон хотел, исто така во Амстердам, се наоѓа Боинг 747.
ТикТок шеги
Ова откритие ги шокираше тиктокерите, а многумина се пошегуваа на сметка на авионот во собата. Еден тиктокер напиша: „Не можеш да паркираш таму, другар!“, додека друг додаде: „Мислам дека имаме поинаква дефиниција за „целосно функционално“.
Некои се прашуваа како би реагирале пилотите и стјуардесите на ваква сцена. „Замислете дека сте пилот или стјуардеса, влегувате во вашата хотелска соба и мислите дека сонувате“, а друг додаде: „Стјуардесата веројатно би помислила: „Не можам да спасам од работа ниту во хотел!“
Една жена, која тврди дека работела како стјуардеса, рече дека пронаоѓањето на ваква соба „особено ја вознемирило“, а многумина во коментарите рекоа дека би сакале лично да го доживеат ова невообичаено сместување.