Мрачната тајна на турскиот претседател: Ќерката на Ердоган ги лечи терористите на Исламската држава?

Точка

22/07/2015

13:15

8.540

Големина на фонт

а а а

Сумеје Ердоган (30) работи во болницата во градот Санлиурфа, каде од Сирија се донесуваат ранети екстремисти, тврдат сведоците. Ова е обелоденето откако во нападот во Суруч беа убиени 32 лица.

Ќерката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Сумеје Ердоган, во тајна воена болница во градот Санлиурфа, недалеку од сириската граница, ги лечи ранетите исламисти на Исламската држава, кои од бојните полиња во Сирија секојдневно се донесуваат со камиони под турско знаме.

Застрашувачките наведувања за соработката на оваа земја со најкрволочните екстремисти на денешницата се обелоденети само еден ден откако една терористка (18) следбеничка на Исламската држава, со бомба се разнесе во турскиот град Суруч и уби 31 лице. Исто така, после најновиот масакр порталот Masdar news потсетува и дека претседателот Ердоган веќе некое време се обидува да ја прикрие врската помеѓу неговиот син Некметин Билал Ердоган со екстремистите. Билал, наводно, им помага на џихадистите да препродаваат нафта украдена во Ирак, врз основа на што и заработуваат огромно богатство.

Страв од одмазда

За врските помеѓу ќерката на Ердоган и терористите прва собра храброст да проговори една од медицинските сестри (34) од Истанбул, мајка на две малолетни деца, која од страв поради одмазда не смеела да го каже своето име. Како што открива таа, извесно време работела во воено-медицинската установа во градот Санлиурфа и била сведок на тоа дека во неа секојдневно се донесувале ранети екстремисти.


- Нашата задача беше да ги подготвиме болничките соби и салите за операција. Добивав плата од 7.500 долари, но таму не беа свесни за мојата религија. Јас им припаѓам на Алавитите, а токму нив шиитските муслимани во Турција не ги прифаќаат. Поради тоа бев во константен страв и не смеев со ништо да се издвојувам, ниту да коментирам за тоа што се случува во блницата. Иако владата во Анкара отсекогаш тврдела дека се бори против екстремистите, таа и тоа како имала големо влијание на случувањата во Сирија, обвинува оваа медицинска сестра.

Трговија со Азија

Што се однесува до Билал, тој во Турција важи за успешен деловен човек кој во своја сопственост има повеќе компании. Главниот бизнис му е поврзан со трговија со нафта.

- Турција преку синот на Ердоган илегално купува нафта од екстремистите на Исламската држава и ја продава во азиските земји, пишува Masdar news.

Инаку, Ердоган неколку пати бил обвинет дека е дел од таен сојуз со екстремистите на Исламската држава со цел тие да не ја напаѓаат неговата држава. Меѓутоа, се верува дека нападот во Суруч бил предизвикан од страна на екстремистите кои најверојатно биле разочарани од фактот дека државјаните на Турција се организираат за да започнат со обновување на сирискиот град Кобане, кој е на околу 10 километри од Суруч.

Истрага: Идентификувана терористката од Суруч – таа им е позната и на властите


Турските власти ја идентификуваа личноста осомничена за бомбашкиот самоубиствен напад во градот Суруч, близу сириската граница, во кој загинаа 32 лица, а контактите со таа личност се истражуваат, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Тој изјави дека кабинетот на министрите ги разгледува потенцијалните безбедносни мерки на границата со Сирија и призна дека властите и од претходно биле запознаени со активностите на терористката.


Колку за потсетување, во понеделникот, таа се појавила пред културниот центар Амара, каде се одржувал состанокот на младинците собрани околу идејата за обнова на градот Кобане.

Нова техника – Користат и кокошки за напади

Џихадистите на Исламската држава наводно започнале да користат и кокошки како мобилни импровизирани експлозивни направи. Фотографиите од тканаречените кокошки-самоубијци масовно се споделуваат на интернет страниците кои што се за и против Исламската држава, иако нивната автентичност не може да биде потврдена. Британските медиуми пишуваат дека припадниците на екстремистичките групи, кои делуваат во ирачкиот град Фалуџа и околу него, наводно врзуваат експлозивни појаси на кокошки, а потоа ги насочуваат во насока кон непријателските кампови.

Факти – Која е Сумеје Ердоган?

» Најмладата ќерка на Таип Ердоган (од вкупно четири деца);
» Завршила Лондонска школа за економија и политички науки;
» Се шпекулираше дека заедно со својот татко ќе заплива во политички води.


Спонзорирани линкови

Маркетинг