Пике на удар на шпанските навивачи

Точка

11/06/2015

17:00

1.948

Големина на фонт

а а а

Жерар Пике не е омилен фудбалер во Шпанија, посебно меѓу навивачите кои доаѓаат од Мадрид.

Пике беше на удар на шпанската јавност и навивачи кога во 2014-та година јавно ја поддржа идејата за независна Каталонија. Од тогаш стоперот на Барселона редовно е исвиркуван кога настапува во дресот на шпанската репрезентација.

При прославата на тројната круна пред неколку дена, Жерар Пике го провоцираше Кристијано Роналдо и „Кралскиот клуб“, а со тоа ја зголеми и огорченоста на навивачите. Токму поради тоа, додека овие денови се подготвува со „Фуријата“ во Леон, Пике повторно е жестоко исвиркуван.

Неколку илјади навивачи се собраа околу автобусот на шпанската репрезентација, а кога се појави Пике започнаа кон него да извикуваат Ихо де пута (Ку*кин сине). Подоцна на самиот тренинг кога Пике ќе ја допреше топката, започнуваа и исвиркувањата.