Тајната на тенката половина на Дита Фон Тиз ќе ве шокира!

Точка

20/05/2015

15:24

6.462

Големина на фонт

а а а

Кралицата на бурлеската објави фотографија која претставува вистински доказ дека убавината навистина понекогаш и мора да боли.

Модната икона Дита Фон Тиз на својот Instagram профил сподели фотографија на која на нејзиниот грб се гледаат длабоки траги од тесниот корсет.

Иако ова делува дека е навистина болно, 43-годишната танчерка всушност воопшто не се пожали, туку само напиша кратко и јасно – шоуто е завршено!

Show's over!

A photo posted by Dita Von Teese (@ditavonteese) on



Нејзините обожаватели ѝ укажаа сочувство, а многумина прокоментираа дека сепак убавината си има и своја цена.

Иако тајната на тенката половина на Дита Фон Тиз, чиј обем изнесува и помалку од 60 сантиметри, лежи во затегнатите корсети, сепак многу поважно нешто од носењето на корсетите е и постојаното држење на диети.



Дита вели дека се храни исклучително здраво, речиси и да не пие алкохол, избегнува леб и секое утро пие сок од мешан зеленчук во кој обврзно има и малку спанаќ, коријандер и магдонос.

Дита на ова додава и дека "погрешни" оброци си дозволува исклучително ретко.

Excited to have this addition to my wardrobe! My Glorified Girl dress, available @myer and @nordstrom.

A photo posted by Dita Von Teese (@ditavonteese) on