Граѓанскиот собир пред Владата без партиски обележја

Макфакс

17/05/2015

17:51

2.697

Големина на фонт

а а а

Мирно и без инциденти, минува граѓанскиот протест пред Владата, на којшто се собрани илјадници граѓани кои бараат оставка од премиерот Никола Груевски.

Меѓу транспарентите што ги носат граѓаните на протестот се и: „Нема ти спас од народниот глас“, „Збогум Никола“, „Цензурата е забранета“ и многу други во кои се цитира Уставот.

На собирот можат да се забележат македонски знамиња, албански знамиња, знамиња од другите помали етнички заедници, а партиски обележја не се забележани.

Меѓу говорниците на протестот се обратија студенти, режисери, дипломати и европарламентарци и сите побараа оставка од оваа влада и враќање на слободата на народот.

„Ние не сме овде да поддржиме политичка партија. Значајно е што се зборува, а не кој го кажува тоа. Ние секогаш ќе бидеме коректив на власта. Порачаа студентите кои побараа квалитетен демократски систем на образование и еднаква правда за сите.

Џабир Дерала, активист од невладината Цивил рече дека во Маедонија дојде време на слобода, храброст и еднаквст.

„Ни текна да се соединиме и човечињата и Шиптарите и Индијанците. Да се соединиме и да ти кажеме збогум Никола“, порача Дерала

Поранешниот амбасадор и преговарач за името, Никола Димитров, рече дека има еден избор „оваа власт или Македонија“.

„Фала ти Груевски што не обедини да го браниме Уставот, да бараме одговорност“, рече Димитров.

И бугарскиот европратеник Сејгеј Станишев, слушам дека викате нема правда нема мир, а вашиот глас се слуша во Бриесел.

На протестот се присутни и поранешниот претседател на СДСМ, поранешен премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски и европратеникот Ричард Ховит.


Спонзорирани линкови

Маркетинг