200.000 евра добил од еден натпревар – Македонецот Илиевски открива како местел натпревари во Италија

Mkd-News

08/05/2015

12:20

4.948

Големина на фонт

а а а

Македонецот Христијан Илиевски кој е познат уште како "Крал на местенките", откако самиот пред неколку дена и се предаде на полицијата даде поширок исказ пред обвинителството во Кремона.

Во неговиот исказ почнаа да излегуваат на виделина сите нечисти зделки во кои покрај македонскиот државјанин, учество земале и многу професионални фудбалери и работници во познати италијански клубови.

Илиевски дал поширок исказ пред обвинителството во Кремона, а најголемо внимание за влијателните италијански медиуми привлече изјавата во која нашиот државјанин објаснува како со капитенот на Лацио, Стефано Маури го договорил натпреварот меѓу Лацио и Џенова од 2012-тата година (4:2, 1:1 полувреме).


„Се сретнав со Маури во Формело и ми рече дека не може да ми даде гаранција за конечниот резултат, само за оној на полувреме. Ми рече дека точниот резултат ќе биде 1:1, на крајот така и испадна. Заработив околу 200 илјади евра од оваа зделка, од кои 50 морав да му дадам на Замперини (поранешен фудбалер суспендиран токму поради случајот „калчоскомезе“) кој ми ја договори средбата со Маури.“, вели Илиевски.