Уривањето предизвикало мала експлозија, разлевање на лавата и ширење на отпадот, соопштила хавајската вулканска опсерваторија, пренесува AP. Геологот Џенет Баб од Геолошкиот институт на САД, ја споредила експлозијата со удар на чекан на врвот од шише шампањ.
"Го гледате шишето и ја гледате течноста, но не го гледате гасот", рекла таа. "Кога камењата ќе удрат во езерото од лава, тоа е како да се отсече врвот од шампањот и да се ослободи гасот", објаснила таа.
Карпите над лавата попуштиле под влијанието на гасовите и на крајот срониле во лавата што предизвикало експлозија при која биле исфрлани материјали до 280 метри во небото, прецизирала таа.
Видео снимката прикажува како камениот ѕид влегува во лавата, чие ниво минатата седмица пораснало на рекордно ниво. Езерото од лава било формирано во 2008-та година, и од тогаш подрачјето било затворено.
Последен пат ваква лава била забележана во 1982-та година, кога ерупцијата направила пукнатини, а нивото на езерото било слично на тоа денес.