Претседателите на Србија и Македонија ќе присуствуваат на парадата во Москва на 9-ти мај, додека другите балкански лидери "подлегнале на притисокот на Брисел и Вашингтон", пишува "Sputinik".
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и претседателот на Србија, Томислав Николиќ, ја прифатиле поканата од Москва за присуство на парадата која се одржува по повод 70 години од победата над фашизмот.
Sputnik пренесува дека лидерите на останатите земји од поранешна Југославија не успеале да се спротивстават на притисоците.

На почетокот на оваа седмица, македонскиот претседател изјавил дека ќе му се приклучи на Томислав Николиќ на церемонијата во Москва, и покрај "инструкциите од САД и ЕУ".
"Иванов секогаш спроведувал политичка отвореност кон сите, па така оваа одлука не е во спротивност со аспирациите на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО", пишувало во соопштението од претседателскиот кабинет.

Sputnik наведува повикот од Москва го прифатил и претседателот на Република Српска.
"Да, одам во Москва и никој не може да ме сопре. Добив покана и одам", рекол Додик, пишува Sputnik.
Хрватски Vecernji list во април објавил дека на парадата во Москва нема да оди претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

По објавата дека словенечкиот претседател е неодлучен во врска со учеството на парадата, неодамна било објавено дека неговата делегација сепак нема да оди во Москва.

Похор изјавил дека тој ден ќе присуствува на церемонијата која ќе се одржува во Љубљана.
Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на 7-ми април одлучил да не оди во Москва, а претставниците на опозицијата ја критикувале таа одлука.