Дали во продавниците ги читате етикетите на производите кои што ги купувате? Ако тоа досега не сте го правеле, веројатно е крајно време да почнете, бидејќи во прехрамбените производи често се наоѓаат и голем број на емулгатори, конзерванси и стабилизатори кои во големи количества се исклучително штетни по нашето здравје.
Што се крие зад фамозните шифри кои започнуваат со буквата Е? Стручњаците истакнуваат дека адитивите не се обврзно штетни, како што главно се претпоставува. Се работи за супстанци кои им се додаваат на прехрамбените производи во текот на технолошката обработка за да се подобрат сензорните својства и да се сочува квалитетот. Погрешно е да се повлече знак за еднаквост помеѓу емулгаторите и контаминантите како што се пестицидите, инсектицидите или тешките метали.
Сепак, би требало да се посвети особено внимание на супстанците кои им даваат подобра боја на производите или го подобруваат вкусот и мирисот, бидејќи нивната основна задача е да го маскираат лошиот квалитет на основните суровини. Примената на овие адитиви ја поправа аромата на често неквалитетните намирници и со привлечни органолептички својства ги принудува потрошувачите неумерено да ги употребуваат. Со текот на времето, тоа доведува до гојазност, како и до недоволна снабденост на организмот со потребните хранливи материи и биокатализатори. Долгогодишната консумација на конзервирана, наместо свежа и готвена храна, исто така може да доведе до низа од здравствени проблеми.
Надлежните установи потенцираат дека сите адитиви кои се наоѓаат во прехрамбените производи, се дозволени според нашите, а пред сè и според еврпските законски прописи и директиви, односно дека тие се безбедни во дозволени количества. Тие минале цела низа од студии, додека да се најдат на позитивната листа. И секако, не се сите адитиви исти. Има и многу корисни, како што е емулгаторот лецитин, кој е застапен во кондиторските производи или соините протеини во месната индустрија кои придонесуваат кон нутритивната вредност на производите.

На позитивната листа се наоѓаат 338 адитиви, а тие според своите функционалности се поделени во 22 категории кои опфаќаат дозволени конзерванси, антиоксиданси, стабилизатори, бои, засладувачи... Во прехрамбените производи се означуваат со наведување на категоријата, називот или Е бројот на адитив. На пример, на намирниците може да стои конзерванс натриум-бензоат или конзерванс Е 211, така што етикетите треба секогаш внимателно да ги читате! Тоа што никаде не ја гледате ознаката Е, не значи дека производот е без адитиви.
Користењето на намирници со адитиви во детската исхрана придонесува најмладите да стекнат сосема погрешни навики, па им станува привлечна само храната која има силен вкус и мирис, која им е најчесто и на дофат на нивните раце. Децата не е лесно да се навикнат да земаат свежи намирници, бидејќи како такви не им се доволно вкусни, а тоа пред сè се однесува на зеленчукот.
Сепак, дури и ако секојдневно јадете свежи намирници, не значи дека се храните здраво и правилно. Стручњаците опоменуваат дека за разлика од адитивите во производите, на нашето здравје уште полошо влијаат пестицидите со кои се прска овошјето и зеленукот, како и неправилното одгледување на стоката. Производителите инсистираат на поголема плодност на билките и затоа за зеленчукот користат фолии, и притоа ги прскаат и штитат со различни сретства. Исто е и со овошјето кое не е карактеристично за ова поднебје и кое се третира со хемикалии за да го издржи транспортот и свежината, така што увезеното јужно овошје има значајно помалку витамин Ц и хранливи состојки од свежо набраните плодови.
И месото е со послаб квалитет бидејќи стоката, главно, не се храни правилно со цел да се постигне поевтина цена на месото. Животните често се третираат со хормони за раст и антибиотици, што дополнително го загрозува здравјето на луѓето. Храната произведена од сировини со послаб квалитет мора повеќе да се збогатува со адитиви и дополнително да се витаминизира така што се доаѓа до еден магичен круг.

Ако не сте во можност да набавите органски производи или овошје, зеленчук и месо за кое со сигурност знаете дека е минимално хемиски третирано, нутриционистите советуваат да не се храните еднолично, односно да избегнувате да купувате едни исти намирници. На пример, ако сакате печурки, избегнувајте да јадете исклучиво шампињони кои најмногу се произведуваат и третираат со хемикалии, туку комбинирајте различни видови.
Водич низ опасни емулгатори
За влијанието на додатоците во исхраната по здравјето со децении се водат големи полемики. Многу истражувања докажаа дека поединечни супстанци навистина можат да предизвикаат сериозни проблеми, после што се и официјално забранети во голем дел од земјите.
Еден од нив е емулгаторот Е 123 за кој е утврдено дека е токсичен. Епитетот опасни по здравјето им се препишува и на следните шифри: E 102, E 120 i E 124.
Докажано е дека проблеми со цревата предизвикуваат E 220, 221, 232 и 224, тегоби со варењето E 338, 339, 340, 341, 450, 461, 463, 465 и 466, а кожни заболувања E 230, 231, 232 и 233.
Емулгаторот Е 200 го намалува количеството на витаминот Б во организмот, холестеролот го зголемуваат Е 320 и 321, а крвниот притисок А 311 и 312. Поединечни емулгатори се сметаат и за потенцијални предизвикувачи на канцери, а тоа се E 131, 142, 210, 211, 213, 214, 215, 216 и 217.

Корисни суплементи
Емулгаторите од друга страна можат да бидат и сосема корисни. Зад шифрата Е 110 се крие антиканцерогениот индиски шафран (куркума), Е 160 е пигментот каротен, кој исто така штити од тумори, Е 170 е калциум-карбонат, Е 300 витамин Ц, Е 306 витамин Е, Е 504 магнезиум-карбонат.
Соиниот лецитин кој се означува под шифрата Е 322 е состојка која ја има во многу производи, особено во слатките. Има диететско и терапевтско својство, се препорачува како додаток во исхраната бидејќи содржи состојки кои влијаат на метаболизмот на црниот дроб, апсорпцијата на масти, коагулацијата на крв и регенерацијата на клетки во нервниот систем. Се користи и при производство на сите видови на леб и пецива, особено оние во кои се додава маст, при што ги подобрува технолошките својства на производите и им ја продолжува свежината. Кондиторската индустрија го користи при производство на чоколади, чоколадни и какао производи и преливи. Во мајонезот, сенфот и соковите често се додава Е 330 (лимонска киселина) на која и се препишуваат и антиоксидансни својства.