Од оваа година предвидено е зголемување на неколку категории на студентски стипендии за студирање во земјата, за 10%.
Оваа одлука ќе го подобри стандардот на околу 7.300 млади луѓе. Владините проекти во сферата на високото образование се во функција на поголема пристапност до младите и намалување на трошоците за студирање. Сепак, подеднакво се води грижа за квалитетот на високото образование преку постојано достигнување на светските стандарди.
Финансиско олеснување во високото образование - Од учебната 2010/ 2011 година високото образование стана подостапно, токму преку финансиското олеснување за студентите и нивните семејства преку намалување и унифицирање на партиципацијата на сите факултети.
Ако во минатото студентите плаќаа партиципација и од 800 евра од 2010 година па се до денес, студентите кои ќе се запишат како редовни студенти и ќе влезат во државната квота плаќаат 200 евра годишно (во денарска противвредност), а студентите кои ќе се запишат како редовни студенти во квотата со кофинансирање и како вонредни студенти плаќаат 400 евра годишно (во денарска противвредност), освен ако не е назначено да плаќаат помалку од страна на самите факултети. Покрај што е ова бенефит за студентите секако е бенефит за семејствата кои разликата од потребните средства претходно, можат да ја искористат за подигнување на квалитетот на живот.
Колку за пример порано, на Архитектонскиот факултет при УКИМ, се плаќаше 300 евра во државната квота, додека во квотата со кофинансирање 800 евра годишно. На студиите по информатика, на Природно-математичкиот факултет студентите во квотата за кофинансирање плаќаа 980 евра годишно. На Економскиот факултет за квотата со кофинансирање и за вонредните студенти се плаќаше 600 евра годишно, а на Правниот факултет во истите квоти цената за студирање изнесуваше 800 евра. На Медицинскиот факултет во Скопје, редовните студенти по општа медицина во државната квота плаќаа по 300 евра, додека во квотата со кофинансирање цената изнесуваше 1200 евра.
Исто така, во насока на намалување на трошоците на семејствата за студии на нивните деца, како и со цел на задржување на македонските студенти во државата, Владата ги воведе дисперзираните студии. За 7 години отворени се два нови државни универзитети во Охрид и во Штип, 25 нови факултети и 65 дисперзирани студии во 16 градови: Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Кочани, Свети Николе, Гевгелија, Штип, Скопје, Кичево, Струга, Куманово, Дебар и Тетово. Во нив учат 2857 студенти, коишто плаќаат партиципација од 100 евра годишно.
Освен тоа што високото образование стана подостапно за младите луѓе, Владата преку проекти, обезбеди поголема достапност на високото образование и за повозрасната категорија граѓани. Веќе 5 години е достапен Проектот 35/45, (од оваа академска година гласи 30/35) со кој се овозможува дооформување на високото образование на возрасните под одредени финансиски поволности, односно поголема достапност на високообразовните установи на лицата коишто поради какви било причини во минатото не биле во можност да се стекнат со високо образование.
Преку овој проект, голем број македонски државјани кои во минатото не биле во можност да го завршат високото образование, успејаа да се стекнат со диплома и на тој начин да обезбедат посигурна егзистенција за нив и за нивните семејства.
Студентските стипендии се зголемуваат - Од оваа година предвидено е зголемување на неколку категории на студентски стипендии за студирање во земјата, за 10%. Оваа одлука ќе го подобри стандардот на околу 7.300 млади луѓе. Ќе има нагорна корекција на примањата на најталентираните ученици, ученици – спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, од угостителско – туристичка струка, за децата на бранителите.
И студентите ќе добиваат повеќе пари и тоа оние со висок успех на програмите по информатика, од природно – математички насоки, техничко – технолошки, биотехнички и медицински науки, студенти од социјалните категории и студенти кои се деца на бранители.
Откако премиерот Груевски ја објави новата мерка на собирот во Тетово, Владата почна да го операционализира планот.
- Најавата на премиерот Груевски за зголемување на средношколските и на студентските стипендии за 10 проценти ќе биде преточена во соодветна законска регулатива. Тоа ќе се случи во еден краток период од десеттина дена, на следната или на седницата на Владата што следува по неа. На тој начин ќе се создадат можности да се реализира ова покачување од кое директна корист ќе имаат над 7.300 корисниции на овие стипендии, и од делот на високото и од делот на средното образование, изјави владиниот гласноговорник, Александар Ѓорѓиев.
Инаку, државата во континуитет доделува стипендии за различни категории млади луѓе, пари кои претставуваат значителна помош во текот на образовниот процес. На пример, се доделуваат стипендии за 50 талентирани ученици во месечен износ од 2.700 денари, 150 стипендии за ученици – спортисти во износ од 2.700 денари, 400 стипендии за ученици од социјално – ранливите категории во износ од 2.000 денари. Осумдесет стипендии се наменети за деца без родители во износ од 2.500 денари. По 2.000 денари добиваат учениците од угостителско – туристичката струка, пари има и за учениците Роми, за децата на бранителите, за децата со посебни потреби (добиваат по 2.500 денари). Во делот на високото образование се даваат пари за талентираните студенти, за студенти по информатика, за студенти – деца на бранители. Оттука може да се заклучи дека со мерката е опфатена широка палета на млади луѓе, средношколци и студенти, за кои ова ќе биде од големо значење.
Проектот Ваучери за таблет – компјутери веќе се операционализира! - Проектот за доделување на вредносен ваучер за набака на таблет компјутер за студентите, беше најавен на големиот народен собир на ВМРО – ДПМНЕ пред нешто помалку од еден месец, а веќе е објавен јавниот повик за набавка на 12 илјади парчиња, наменети за студентите од трета и од четврта година кои доаѓаат од семејства со бруто – приходи до 32.740 денари.
Проектот ќе се реализира на начин што студентите ќе добијат ваучери со вредност од 8 илјади денари, а ќе можат да набават таблети во вредност од 4 до 12 илјади денари.
Ако се има предвид динамиката со која се операционализира овој проект, станува сосема извесно дека и последното покачување на стипендиите многу брзо ќе се операционализира на терен.
Реконструкцијата на домовите – капитален проект! - Реконструкцијата на студентските домови е капиталниот проект во високото образование. Од 2006 година до сега Владата инвестираше приближно 250 милиони денари во насока на подобрување на стандардите за сместување во студентските домови.
Се изгради нов студентски дом, односно нови капацитети во рамки на постојниот – Стив Наумов (во вредност од 1,5 милиони евра), а беа реконструирани и дел од постојните објекти на студентските домови.
Во тек е реализација на првата фаза од етапната реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев, која предвидува целосна реконструкција на Блок Б за што се превидени вкупно 76 милиони денари.
Исто така, донесен е Закон за студентски стандард во кој за прв пат се воведени јасни критериуми за сместување на студенти во студентски домови, со строго дефинирани казни за прекршување на критериумите од страна на одговорните лица (кои се движат од 5.000 до 15.000 евра) со што е спречена и секаква можност за манипулација и злоупотреба при сместувањето во студентските домови.
Со новиот закон воведено е и целосно бесплатно сместување за најранливата категорија на студенти. (тоа се 40% од студентите). Законот обезбедува и правична распределба на студентските стипендии.
Покрај овие конкретни мерки и законски решенија, исто така Владата инвестираше во набавка на опрема и превод на литература со што доплнително се зголемува квалитетот на образовниот процес во високото образование.
Низа проекти за подобрување на образовниот процес - Високо образовните установи добија 80 лаборатории за научна и апликативна дејност во повеќе различни области, за што се издвоија 1,6 милијарди денари. Тие се бенефиција за научната фела, професорите, истражувачите, како и бизнис заедницата којашто може да користи услуги кои порано се обезбедувале само во странски земји и тоа по многу повисоки цени.
Проектот за „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија од областа на правото во Франција и Германија“. Досега се преведени 919 наслови, но проектот ќе продолжи да се реализира и по преводот на сите предвидени 1000 наслови, затоа што направена е измена на Законот за високо образование, со која се предвидува секоја година, почнувајќи од оваа за потребите на домашните факултети да бидат преведувани нови 50 учебници, кои се користат на првите 10 најдобро рангирани универзитети во светот според Шангајската листа.