Изгубете ги вишокот килограми без гладување

Точка

18/03/2015

21:30

9.924

Големина на фонт

а а а

Во морето на диети, овој начин на губење на килограмите станува се` попопуларен поради лесната примена. Не бара вежбање и одрекување од храна, само редовен внес на овој пијалок.

Многу жени со доаѓањето на пролетта почнуваат да држат разни диети за до летото да ги изгубат вишокот килограми добиени во зимскиот период.

Меѓутоа, некогаш таа мисија не е баш успешна, па остануваат разочарани прашувајќи се што не правеле како што треба. Веројатно не внесувале доволно течности во организмот!

Имено, за време на топењето на килограмите, водата е еден од најголемите сојузници затоа што помага телото да се ослободи од токсините и вишокот маснотии. Таа достојно ќе ги замени сите други пијалоци и ќе ви помогне побрзо да ги изгубите килограмите, без никакви дополнителни напори.


Интересни се и препораките од експеритите кои предупредуваат дека често ги мешаме чувствата на глад и жед, па за тоа во иднина да не се случува, прочитајте ги следните совети.

Една чаша пред јадење

Диететичарката Емили Дубиоски од Балтимор, советува секој пат кога ќе почувствуваме глад прво да испиеме два децилитри вода и после тоа да почекаме 10 минути. Дури после тоа време ќе видиме дали навистина сме биле гладни или во прашање била жед.

Уште една чаша после јадење

Метаболизмот ќе го забрзате ако се напиете една чаша вода за време на јадењето и една после јадење. Ефектите кои оваа течност ги има врз метаболизмот се чувствуваат веќе 10 минути откако ќе ја испиете, а најголемото забрзување метаболизмот го добива 30-40 минути откако ќе ја внесете водата во организмот.


Сите бенефиции на водата

Телото се состои од 70% течности, а функциите кои таа ги извршува се безбројни – влијае врз дигестивниот систем, апсорбира хранливи материи, ја подобрува циркулацијата на крвта и одржува телесна температура. Пиењето на доволна количина вода е клучна работа во борбата против килограмите. Не бара никакво одрекување, а му помага на телото полесно да ги стопи вишокот на килограми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг