На еден тинејџер му бил дијагностициран рак на тестисите, откако направил тест за бременост кој покажал позитивен резултат. Иако во прашање била страшна дијагноза, овој тест му го спасил животот.
Бајрон Гералд тогаш имал 18 години, завршил средно училиште и само што се вратил од летување со пријателите, кога му била воспоставена дијагнозата.
Тестовите за бременост се користат се` почесто за поставување дијагноза за оваа ужасна болест, затоа што пациентите произведуваат ист хормон кој го лачи плацентата во развој.
Бајрон рекол дека му било многу тешко да се соочи со лошите вести: „Беше нереално. Имав позитивен тест на бременост и нешто растеше во мене. Мислев дека ќе завршам во документарец“, рекло момчето.

Лекарите всушност откриле дека Бајрон има тумор кој се раширил на неговите бели дробови и пред тестот, но не можеле да сфатат за кој вид на тумор се работи, па со самото тоа не можеле ниту да го лечат. После многу мислење, лекарите на Кембриџ му рекле да направи тест за бременост, затоа што така сакале да му ги проверат хормоните.
Откако дознал дека е „бремен“, му бил дијагностициран рак на тестисите во четврти стадиум кој се проширил на стомакот и белите дробови. Еден ден после тоа почнал со хемотерапии.

После секој циклус, лекарите му давале да прави тест на бременост. После некое време, нивото на хормонот почнало да опаѓа, што било добра вест.
„Туморите во моите бели дробови и стомакот се намалуваа“, раскажал Бајрон. Кога завршил со терапијата, тој бил опериран и после тоа му кажале дека е здрав.
„Беше чудно кога ми кажаа дека сум повторно добро, сите очекуваат веднаш да се вратиш во нормала, но мојот начин на размислување целосно се промени“, заклучува момчето кое сега има 19 години.

“Teenage Cancer Trust” од Кембриџ тврдат дека тестовите за бременост често се користат за поставување дијагнози кај рак на тестисите, и тоа веќе шест години.
Нивниот порпарол вели дека овој метод е прилично доверлив, затоа што тие исти протеини кај болните се наоѓаат во урината на бремена жена.