Две средношколки наводно го сликале духот напрочуената лејди Греј која веќе 200 години „шета по ходниците на дворецот Хемптон корт”.
Имено, Холи Хемпшир (12) сакала со својот ајфон да ја фотографира својата роднина Брук Мекгри (12) додека го посетувале замокот од 16 век.
Додека ја фотографирала, „во кадарот влегла женска силуета со темна коса и црн фустан и изгледала целосно реално“. Кога повторно фотографирала, на фотографијата немало ни трага ни глас од сеништето.
Девојките не биле свесни што успеале да фотографираат дури еден ден подоцна и не можеле да поверуваат.
„Многу се уплашив. Не видов ништо кога бев таму. Ние не знаевме дека во тие соби се шета дух. Оттогаш не спијам“, раскажала избезумената Брук.

Дамата Џеј Греј починала од големи сипаници во 1562 година. Нејзиниот дух почнал да се појавува од 1829 година кога била реновирана црквата во палатата, а нејзиниот гроб го пренеле на друго место. Набрзо после тоа, по ходниците низ дворецот почнале да се слушаат чудни звуци.
Лејди Греј била англиска благородничка за која некои историчари сметаат дека била англиска владејачка кралица. Нејзиното оспорено владеење, според некои толкувања, започнало после смртта на нејзиниот роднина Едвард VI, а според некои други, четири дена откако била прогласена за кралица.
Меѓутоа, голем број на историчари сметаат дека таа никогаш не владеела, затоа што на нејзиното доаѓање на тронот се противел Третиот наследен акт кој го издал Хенри VIII, а според кој наследничка на Едвард била неговата полусестра Марија. Марија I ја отфрлила и затворила Џејн девет дена откако Џејн била прогласена за кралица и наредила нејзино погубување и на нејзиниот сопруг, седум месеци подоцна.

Дворецот Хемптон корт, домот на Хенри VIII, одамна е познат по тоа што го опсднуваат духови. Меѓу нив најпознат е духот на Кетрин Хауард, петтата сопруга на Хенри VIII, која била погубена по нарачка на сопругот во 1541 година. Според легендата, таа врескала и одела по ходниците кога дознала дека сопругот ја изневерува, а веќе 500 години се појавува и го прогонува дворецот.
Оваа информација предизвика огромно внимание на Твитер и странските медиуми кои се распишаа по оваа социјална мрежа.