Ремек-дела на природата: Фасцинантните гејзери на Исланд

Точка

03/01/2015

14:58

11.555

Големина на фонт

а а а

Мајка природа успеала досега да не воодушеви безброј пати, а се појасно ни е и дека “еден живот не е доволен” за посета на сите природни ремек-дела.

Сепак, постојат неколку места кои се задолжителни на листата за дестинации кои што мора да се посетат, а дел од нив се и овие во продолжение.


Имено, фотографот Албан Хендерик преку својот објектив ја овековечил маестралната природна појава – гејзирите на Исланд кои по малку изгледаат нереално и ни се уште еден доказ дека природата успева секогаш одново да не воодушеви со својата убавина.

Гејзирите се термални извори на површината од Земјата кои во речиси еднакви временски период во воздухот исфрлаат топла вода и пареа. Името гејзир овие извори го добиле од исландскиот извор ”Geysir”.


Најчесто ваквите природни формации може да се најдат на вулкански активните подрачја, како што се на пример Нов Зеланд, Чиле, Националниот парк Јелоустоун во САД и слично.

Жешките карпи, длабоко под површината на водата, ја зголемуваат нејзината температура, а притисокот како млаз ја исфрла водата нагоре. Кога коритото повторно ќе се наполни со жешка вода, гејзирот повторно извира.


Гејзирот делува како постојан извор на вода со подземни тунели, кои делуваат како цевки, па кога ќе се насобере доволно жешка вода, притисокот истата ја искачува на површината.





Спонзорирани линкови

Маркетинг