Надградбата и новото фасадно обликување на Градскиот трговски центар, веројатно ќе се спроведува преку јавно приватно партнерство.
Во моментот тече оглас за избор на фирма која ќе изработи физибилити студија која треба да го даде конечниот збор, дали ќе биде економско исплатливо трговскиот да го реконструира приватен инвеститор, или сепак, тоа ќе се реализира со државни пари.
Единствено што се знае дека објектот ќе се изведува според веќе избраното идејно решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.
Според проектот, се предвидува ГТЦ целосно да се затвори, со што би се елиминирало еден од неговите најголеми недостатоци и да се реши проблемот со честото прокиснување на објектот. Новиот изглед ќе биде во неокласицистички стил со антички столбови, а на покривот ќе има голема тераса со неколку скулптури, куполи. И другите страни ќе добијат соодветни украси со бронзени или елементи со златно-жолта боја. Се предвидува и надградба на уште еден кат, со што се добиле нови 7.000 квадрати.
Инаку, од пред неколку години, на конкурс се избра идејно решение за надградбата на ГТЦ, од архитектонското студио „Скарс“. Нивното решение беше во модерен стил, но од непознати причини проектот досега не се реализираше.
Асоцијацијата на архитекти на Македонија е против менување на фасадата на овој објект и во неколку наврати апелираа до надлежните да го остават автентичниот облик на ГТЦ, како авторско обележје на едно време, но сепак се согласни дека на оваа зграда и’ е потребно реновирање.
Како што претходно има споменато директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, доколку објектот се реализира со јавно-приватно партнерство, идниот концесионер би добил можност извесен период да стопанисува со надградениот кат.
Мнозински сопственик на „ГТЦ АД – Скопје“ е Владата, со околу 97 отсто од акциите.