Приватен инвеститор ќе го реконструира ГТЦ?

Нетпрес

25/11/2014

13:24

1.602

Големина на фонт

а а а

Надградбата и новото фасадно обликување на Градскиот трговски центар, веројатно ќе се спроведува преку јавно приватно партнерство.

Во моментот тече оглас за избор на фирма која ќе изработи физибилити студија која треба да го даде конечниот збор, дали ќе биде економско исплатливо трговскиот да го реконструира приватен инвеститор, или сепак, тоа ќе се реализира со државни пари.

Единствено што се знае дека објектот ќе се изведува според веќе избраното идејно решение на архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.

Според проектот, се предвидува ГТЦ целосно да се затвори, со што би се елиминирало еден од неговите најголеми недостатоци и да се реши проблемот со честото прокиснување на објектот. Новиот изглед ќе биде во неокласицистички стил со антички столбови, а на покривот ќе има голема тераса со неколку скулптури, куполи. И другите страни ќе добијат соодветни украси со бронзени или елементи со златно-жолта боја. Се предвидува и надградба на уште еден кат, со што се добиле нови 7.000 квадрати.

Ина­ку, од пред не­кол­ку го­ди­ни, на кон­курс се из­бра идеј­но ре­ше­ние за над­град­ба­та на ГТЦ, од ар­хи­те­ктон­ско­то сту­дио „Скарс“. Нив­но­то ре­ше­ние бе­ше во мо­де­рен стил, но од не­поз­на­ти при­чи­ни про­е­ктот до­се­га не се ре­а­ли­зи­ра­ше.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија е против менување на фасадата на овој објект и во неколку наврати апелираа до надлежните да го остават автентичниот облик на ГТЦ, како авторско обележје на едно време, но сепак се согласни дека на оваа зграда и’ е потребно реновирање.

Како што претходно има споменато директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, доколку об­је­ктот се ре­а­ли­зи­ра со јав­но-при­ват­но парт­нерс­тво, ид­ни­от кон­це­си­о­нер би до­бил мож­ност из­ве­сен пер­и­од да сто­па­ни­су­ва со над­гра­де­ни­от кат.

Мно­зин­ски сопс­тве­ник на „ГТЦ АД – Скоп­је“ е Вла­да­та, со око­лу 97 от­сто од ак­ци­и­те.


Спонзорирани линкови

Маркетинг