Нов јавен линч: Вака минуваат 'швалерките' во Кина (18+)

Точка

14/10/2014

12:10

10.882

Големина на фонт

а а а

Не само што минувачите го гледале и снимале ова дивјачко изживување, туку и полицијата не реагирала на ниеден начин.

Група жени во кинескиот град Пујинг нападнале една жена на сред улица, ја скинале нејзината облека, ја кубеле и ѕверски ја удирале во градите и нозете, а притоа не само што никој од минувачите не ја бранел несреќната девојка, туку и полицијата воопшто не се појавила, пишува денес Daily Mail.


Претепаната жена, идентификувана како 38-годишната Лин Јао Ли, била жртва на жената која мислела дека таа е љубовница на нејзиниот сопруг. Никој од минувачите не реагирал бидејќи станува збор за "љубовна афера", па само стоеле и го гледале овој "спектакл". Меѓутоа, тоа што не се појавила ниту полицијата е најужасниот факт во целата случка.


Ова е втор напад од овој вид во Кина за еден месец, и тоа е одраз на растечкиот тренд на преземање на правдата во свои раце. Самиот тој факт е загрижувачки, како и тоа дека луѓето го толерираат, но тоа што и властите толерираат физичко малтретирање - е сосема надвор од здравиот разум.


Дури кога напаѓачките ја оставиле Лин во болки да лежи на асфалтот, и пришол 30-годишниот Џун Фенг, жител на тој кварт.


"Ваквите работи станаа прилично вообичаени. Бесните сопруги и девојки се одмаздуваат напаѓајќи ги љубовниците. Луѓето не се мешаат бидејќи мислат дека тоа е работа на чувства", објаснил тој за една локална телевизија.


Во меѓувреме претепаната Лин била префрлена во болница, каде што и била укажана помош.


Ист ваков напад се случил и во Џинан во провинцијата Шандунг, кога три жени нападнале четврта, ја скинале нејзината облека и ја претепале, само затоа што била љубовница на сопругот на една од нив. Слични напади имало и во јули во провинцијата Гуангси.


Полицијата одбила да ги коментира овие случаи, велејќи дека не примила обвинение од никој од учесниците.